Доколку се оди според планот, Јувентус денеска ќе реализира три трансфери. Еден појдовен и два дојдовен. Федерико Киеза треба да го напушти клубот. Крилниот напаѓач е на чекор од преселба во Барселона за десет милиони евра фиксно обештетување и три милиони евра потенцијални бонуси.
Од претстојните трансфери, договорено е Франциско Консеисао да дојде на позајмица од Порто. Јувентус за позајмицата покрај три милиони евра евентуални бонуси ќе плати седум милиони евра, а во летото 2025 година ќе има право прво да го откупи Консеисао за 30 милиони евра колку што изнесува клаузулата за обештетување.
Тој се договори со Јувентус и доаѓањето на Нико Гонзалес. Играчот од средниот ред на Фиорентина денеска ќе ги помине медицинските прегледи и ќе потпише долгорочен договор со торинскиот клуб, а Фиорентина ќе добие 38 милиони евра обештетување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА