Борусија Дортмунд со победа ја стартуваше новата сезона во Бундеслигата. Вчера на „Сигнал Идуна Парк“ беше совладан тимот на Ајнтрахт Франкфурт со 2-0. Херој на „милионерите“ беше Џереми Гитенс, кој влезе во игра на почетокот на вториот дел, и со два гола ја донесе победата.
Првиот гол беше по индивидуална акција, а вториот по одличен противнапад. Новата ѕвезда на Борусија изјави дека е задоволна од својот настап и се заблагодари на навивачите.
„Неверојатно чувство. Секогаш се ежам кога ќе ги слушнам навивачите како го извикуваат моето име кога ќе постигнам гол. Имав можност сега два пати да го доживеам тоа, и навистина сум среќен“, рече Гитенс, кој призна дека Винициус му е инспирација.
„Тренирам секојдневно, и нема влијание на мене кога губам топки. Гледам многу видеа од Винициус од Реал Мадрид, и гледам дека и тој губи многу топки, но кога ќе помине, секогаш постигнува голови“, изјави Гитенс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА