Сопругата на трагично починатиот германски голман: „Во Барселона играчите не беа третирани хумано“

Тереза ​​Енке , вдовица на поранешниот германски голман Роберт Енке , кој си го одзеде животот во 2009 година на 32-годишна возраст поради депресија, изјави дека Барселона, каде што нејзиниот сопруг играше во сезоната 2002/03 е клуб каде што „играчите не беа третирани хумано“.

Тереза ​​во интервју за „Билд“ признала дека се уште и е „тешко“ да оди на стадиони, но дека ги следи клубовите во кои настапувал нејзиниот покоен сопруг. Таа истакна дека целта на фондацијата со која претседава е да му оддаде почит на нејзиниот покоен сопруг и рече дека се чувствува „горда“ на она што го постигнале, бидејќи депресијата повеќе не е табу тема.

Тереза ​​Енке инсистираше на тоа дека нејзината „цел“ отсекогаш била депресијата да се гледа како било која друга болест или повреда, иако признала дека „за жал сè уште не стигнале“ до таа точка.

– Во медиумите и во клубовите се уште помалку се зборува за депресија отколку за тоа дали играчот има скинати лигаменти. Тренерите и менаџерите сега се занимаваат со оваа тема бидејќи, се разбира, научија колку е важна“, рече таа.

Се вчитува...