Фонсека: Јас сум виновен за поразот на Милан, но постои проблем

Фудбалскиот тренер на Милан, Пауло Фонсека, ја презеде одговорноста за лошите резултати на Росонерите на стартот од новата сезона во Серија А, пренесуваат италијанските медиуми.

Фудбалерите на Милан на 17 август во првото коло од Серија А на домашен терен одиграа 2:2 со тимот на Торино, а во саботата беа поразени на гостувањето кај Парма (1:2).

– Морам да кажам дека јас сум одговорен за се што се случува со оваа екипа како тренер. Ја преземам одговорноста и не сакам да се кријам од тоа. Сепак, јасно ми е дека има колективен проблем кога се во прашање одбраната и агресијата – изјави Фонсека, кој го презеде тимот на Милан на крајот од минатата сезона.

Тој истакна дека фудбалерите на Милан мора да ја подобрат својата игра во преостанатиот дел од сезоната.

– Кога некој не притиска, станува тешко да останеме компактни и да ги вратиме позициите. Кога ќе се вративме на својата позиција, пасивни сме. Има многу работи. За мене тоа е проблем со ставот, енергијата и желбата да се браниме како тим – заврши Фонсека.

Се вчитува...