Барселона продаде уште еден свој талент

Барселона го продаде својот сенегалски централен дефанзивец Мика Феј на Рен, официјално објавија двата клуба. 20-годишниот дефанзивец се сели кај Французите за околу 10,3 милиони евра, а неговиот договор вклучува клаузула за иден откуп од Барса во износ од 25 милиони евра, како и дека 30% од неговата идна продажба ќе оди на каталонците.

Феј минатото лето беше регрутиран за само 1,5 милион од Кустошија (Загреб), но не спаѓа во плановите на новиот тренер Ханси Флик. Тој никогаш не одиграл натпревар за сениорската екипа на Барселона, додека за вториот тим на Каталонците има 35 натпревари и 4 гола.

Барса продолжува да се мачи, сè уште не може да го пријави своето најскапо летно засилување Дани Олмо поради ограничувањето на платата што клубот сè уште не го исполнува. Продажбата на Феј нема да помогне многу бидејќи тој и онака не беше пријавен за Ла Лига, но клубот ќе се раздели со повеќе играчи во наредните денови.

Се вчитува...