Бронзениот на Олимпијадата во Токио 2021 година на 110 метри со пречки Роналд Леви, доби 4-годишна суспензија од страна на Јамајканската антидопинг комисија. Одлуката, која му беше соопштена со писмо на 21 август, доаѓа откако Леви ги прекрши антидопинг правилата и во неговите примероци беа пронајдени забранетите супстанци сулфоксид и сулфон.
31-годишниот атлетичер е суспендиран од ноември 2023 година. Казната доаѓа откако во примерокот беа пронајдени двете забранети супстанци. Примерокот е земен за време на контрола во Канада минатиот октомври.
Формално, казната му почнува од 1. ноември 2023 година, и ќе трае до ноември 2027 година. Не е познато дали ќе му биде одземен олимпискиот медал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА