Искусниот дефанзивец Матс Хумелс вчера беше на натпреварот Аугзбург – Вердер во Бундеслигата. И кога сите помислија дека ќе се пресели во еден од овие два тима, стигна информацијата дека тим од Ла Лига има договор со поранешниот германски репрезентативец.
Тој денеска треба да пристигне во Сан Себастијан, и да стане нов играч на Реал Сосиедад. Наводно веќе сите детали се договорени, и екс играчот на Борусија Дортмунд и на Баерн Минхен за првпат ќе игра во Шпанија.
Договорот со Хумелс на една година, со можност истиот да биде продолжен на уште една.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА