Баерн Минхен го совлада Волфсбург со 2-3 на стартот од Бундеслигата. Избраниците на Винсент Компани имаа водство, па негатива, и на крајот успеаја да дојдат до победата.
Мусиала уште во 20. минута донесе предност за гостите. Сепак, на стартот од вториот дел „блицкриг“ на Ловро Мајер. Хрватот во 47. минута од пенал успеа да израмни, а потоа во 55. минута и да донесе предност.
Камински со автогол во 65. минута го израмни резутлатот, а Гнабри во 82. минута успеа да донесе триумф за „Баварците“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА