Македонија ЃП продолжува победнички на стартот од Втората лига, и најавува сериозна кандидатура за експресен „кам-бек“ во прволигашката конкуренција. „Лавовите“ од Ѓорче го совладаа Башкими со 1-2 со гол во 90. минута од средбата.
По првиот дел гостите имаа предност со голот на Велкоски од пенал во 45. минута од средбата.
Башкими преку Демири успеа да израмни во 79. минута од средбата, но Симеон Христов во 90. минута успеа да постигне гол и да донесе голем триумф на гостите од Ѓорче Петров.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА