Екипата на Наполи предводена од Антонио Конте, дојде до првата победа во Серија „А“ откако вечерва на „Диего Армандо Марадона“ ја совлада екипата на Болоња со 3-0. Одличната игра беше зачинета со три гола, еден во првото, и два во второто полувреме.
Ди Лоренцо на асистенција на Кварацхелија на самиот крај од првиот дел донесе предност од 1-0. Во 75. минута асистентот на првиот гол, сега во улога на стрелец. Кварацхелија постигна гол за 2-0. Конечните 3-0 ги постави Џовани Симеоне на асистенција на одличниот Нерес.
Рома беше шокирана на Олимпико од Емполи. Гиаси во 45. минута донесе предност, а Коломбо од пенал во 61. минута за нов шок во Рим. Шомуродов во 80. минута само успеа да намали.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА