Миовски дебитираше со шанса, Џирона поразена од Атлетико (ВИДЕО)

Македонскиот интернационалец Бојан Миовски имаше деби за Џирона, по трансферот од Абердин. Тој вечерва на „Ванда Метрополитано“ влезе во игра во 59. минута од средбата, во миговите кога Атлетико Мадрид имаше предност од 2-0.

Миовски веднаш потоа се најде во шанса да го намали резултатот. Шутираше со левата нога, меѓутоа во последен миг беше изблокиран од одбраната на Атлетико.

Атлетико славеше на крајот со 3-0 со головите на Гризман во 39. минута, на Љоренте во 48. минута од средбата, и на крај Коке во последните секунди го постави конечниот резултат.

Џирона остана со еден бод од првите две кола, додека Атлетико дојде до првата победа, откако во првото коло одигра само 2-2 против Виљареал на гостински терен.

Се вчитува...