Беше најскап на светот, сега никој не го сака: Доби „корпа“ и од поранешниот клуб

Најскапиот трансфер во историјата на фудбалот, Нејмар кој во 2017 година премина од Барселона во ПСЖ за 222 милиони евра во последната година е „заборавен“ на фудбалската мапа.

Бразилецот по шест години поминати во францускиот тим се пресели во Саудиска Арабија и потпиша богат договор за Ал Хилал, но одигра само три натпревари по што се повреди и веќе година дена паузира.

Сега 32-годишникот има договор на уште една сезона со саудискиот клуб, но сака да замине од егзотичното првенство и да се врати назад во Европа. За реализација на овој посакуван чекор тој веќе го контактирал својот поранешен клуб Барселона, но експресно бил одбиен и тоа не од страна на раководството, туку од тренерот Ханси Флик кој не го посакува во своите редови, пренесуваат шпанските медиуми.

Нејмар одигра 186 натпревари за Барселона и беше дел од златната генерација заедно со Лионел Меси со кој освои титула во Лигата на Шампионите, две титули во Ла Лига и три во Купот на Шпанија.

Се вчитува...