Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.
ТИМ НА 3. КОЛО
Работнички продолжува со одличните игри на стартот на новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. Тимот од Дебар маало одигра нов одличен натпревар во кој успеа да слави против актуелниот шампион Струга ТЛ со 2-0. Со седум бода по три одиграни кола на врвот на табелата покрај Работнички се и Шкендија и Гостивар. Тетовци славеа на гостувањето кај АП Брера со 0-2, а во прв план на овој меч беше Фитон Адеми кој беше стрелец на два гола. Гостивар со истиот резултат беше подобар од Воска спорт. Најтрофејниот македонски клуб Вардар во првиот меч на популарниот Чунга Лунга на клупата загуби на гостувањето во Чаир кај Шкупи во градското дерби со 3-0. Пелистер беше подобар на домашен терен од Силекс со минимални 1-0, додека Беса стигна до својата прва победа во историјата во елитата откако со ист резултат беше подобра од Тиквеш.
====================================
ИГРАЧ НА КОЛОТО: Фитон Адеми (Шкендија)
Шкендија славеше на гостувањето кај АП Брера со 0-2, а во прв план на овој меч беше Фитон Адеми кој беше стрелец на два гола. Токму поради одличната партија и повеќе од заслужено Адеми ја доби титулата играч на 3. коло во ПМФЛ.
================================
ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Горан Станиќ (Работнички)
Работнички продолжува со одличните игри на стартот на новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. Тимот од Дебар маало одигра нов одличен натпревар во кој успеа да слави против актуелниот шампион Струга ТЛ со 2-0. Горан Станиќ и повеќе од одлично го подготви својот тим за овој меч, па на крајот заслужено го добива епитетот тренер на рундата во ПМФЛ.
==============================
ГОЛ НА КОЛОТО: Аиме Марселин Гандо Биала (Работнички)
Работнички продолжува со одличните игри на стартот на новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. Тимот од Дебар маало одигра нов одличен натпревар во кој успеа да слави против актуелниот шампион Струга ТЛ со 2-0. Натпреварот го отвори одличниот Гандо кој со неверојатен погодок донесе водство за својот тим од 1-0.
ФОТО НА КОЛОТО: ДЕБИ ПОБЕДА ЗА МИРКОВ НА ЧЕЛО НА ШКУПИ!
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА