Виктор Осимен и ова лето е топ тема кога стануваат збор трансферите. Нигерискиот голгетер сака да замине од Наполи, но преголемите барања на неаполитанците од 130 милиони евра го намали интересот на Челси, Арсенал и ПСЖ.
Како што наближува крајот на преодниот рок иднината на Осимен е под знак прашалник. Засега најконкретен во преговорите е саудискиот Ал Ахли кој испрати понуда вредна 65 милиони евра за негов потпис, понуда која беше прифатена од италијанскиот клуб, но не и од самиот фудбалер кој нема намера да замине во Саудиска Арабија.
На оваа тема сега говореше и неговиот агент Роберто Календа кој потврди дека 24-годишникот нема желба за настап во егзотичното првенство.
„Осимен не е пакет кој ќе биде испратен далеку од дома кога ќе дојдат нови момчиња. Виктор има уште многу да покажува во Европа. Тој е фудбалер на Наполи, неодамна потпиша нов договор кој е добар за двете страни. Минатата година кога имаше високи понуди, ние ја прифативме одлуката на клубот.
Осимен беше избран за најдобар фудбалер во Африка, беше осми во изборот за „Златна топка“. Потребно е да има респект и баланс“, изјави Календа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА