Почина Свен Горан Ериксон

По долга и тешка болест денеска на 76-годишна возраст почина Свен Горан Ериксон. Прославениот Швеѓанец боледуваше од најтешката болест, а веќе некое време се бореше со неа со последните сили.

Вестта за неговата смрт ја соопшти неговото семејство во јавно соопштение откривајќи дека починал во кругот на семејството.

Во богатата кариера Ериксон преводеше повеќе клубови како Бенфика, Рома, Фиорентина, Лацио, Манчестер Сити…, а беше дел и од репрезентациите на Англија, Мексико, Брегот на Слоновата коска и Филипини.

Се вчитува...