Во пресрет почетокот на последниот грен-слем турнир во сезоната, УС Опен, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е топ тема на разговор за американските медиуми.
Најдобриот тенисер на светот откри дека мотивација му се младите тенисери кои сакаат да го поразат, но и зошто игра најдобро кога е најпотребно. Како што вели Србинот, тоа не е талент, туку резултат на напорна работа.
„Мојата вештина е тоа што можам да играм одлично во најважните моменти. Тоа не е талент, туку резултат на напорната работа. Можеби делувам дека сум смирен тогаш, но во мене владее прав ураган. И јас чувствуам сомнеж и став во која партија. Не ми се допаѓа тоа што луѓето говорат дека секогаш мораш да бидеш позитивен и оптимист. Разликата меѓу големите шампиони и останатите е способноста да стиген на одредено ниво, да останеш кратко во состојбата на нервоза, сомнеж и став. Тоа го научив. Фрустриран сум, викам и губам нерви, но брзо се прибирам“, вели Ѓоковиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА