Соиграчот на Никола Јокиќ во Денвер, Арон Гордон се одлучи на потег кој наиде на големо воодушевување во американската јавност.
Имено, тој во новата сезона наместо со бројот „50“ ќе настапува со бројот „32“ во чест на починатиот брат Дру Гордон кој го загуби животот во мај оваа година.
Дру Гордон во својата кариера настапуваше за повеќе клубови на европската сцена, меѓу кои и белградски Партизан, а почина на 33-годишна возраст во сообраќајна несреќа во Орегон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА