Ѓорѓиев: Жалам што не ја израдувавме Македонија со триумф над Грција

Македонската одбојкарска репрезентација пропушти шанса да обезбеди учество на четвртиот последователен континентален собир со триумф над Грција во натпреварот одигран во СЦ „Јане Сандански“.

И покрај големата поддршка од публиката нашите најдобри одбојкари загубија со 3-1, но и покрај тоа останаа со шанси да го најдат своето место на Европското првенство. Сега за тоа ќе зависат натпреварите во месец август.

Капитенот Никола Ѓорѓиев не го криеше разочарувањето од резултатот, пред се поради фантастичната атмосфера во салата во Аеродром.

„Сакам да се заблагодарам на сите навивачи кои ни пружија вечерва поддршка тука, беше феноменално да се игра во ваква атмосфера. Многу ми е жал што не успеавме да ги израдуваме. Би кажал дека оваа атмосфера беше подобра од онаа на Европското првенство кое го игравме лани.

Навистина ми е криво што не успеавме да ги израдуваме. Репрезентацијата на Грција во овој момент беше подобра од нас. Не е алиби, но имавме тешка недела Савовски боледува од бронхопневмонија, Либидовски има повреден зглоб, Манџуков заработи повреда на грбот…Одигравме машки, дадовме се од себе, меѓутоа максимумот во овој момент беше тој“, вели Ѓорѓиев.

Се вчитува...