Шампионот на УС Опен од 2020 година, Доминик Тим испадна уште во првото коло од годинешното издание на Грандслем турнирот во Њујорк. Тоа за него беше и последен меч на овој грандсле со оглед на најавите дека сезонава ќе стави крај на својата кариера.
Тим во 1. коло на турнирот загуби од домашниот миленик Бен Шелтон во три сета, со 6-4, 6-2 и 6-2, за нешто помалку од два часа игра.
Оваа година настапи со специјална покана на УС Опен, со оглед на тоа што како последица на бројните повреди претходните години, падна на 210. место на АТП листата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА