За Новак Ѓоковиќ не постојат граници, откако најдобриот тенисер на сите времиња, собори уште еден рекорд во Њујорк откако на стартот славеше против молдавскиот тенисер Раду Албот.
Тој стана играчот со најмногу триумфи во историјата на стадионот „Артур Еш“, откако стигна до неверојатни 78 победи на најголемиот тениски објект на планетата.
„Не го знаев тој факт, ова е најголемиот и најгласниот стадион во нашиот спорт. Ноќните сесии се одлични, неверојатна енергија, благодарност до сите што дојдоа. Среќен сум за уште едно интересно достигнување“, изјави Ѓоковиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА