Тами Абрахам пред кам-бек во Премиерлигата

Англискиот фудбалер, Тами Абрахам е пред заминување на позајмица во Вест Хем, пренесуваат италијанските медиуми. Напаѓачот на Рома би се вратил во Лондон каде претходно настапуваше за Челси со опција за откуп на договорот, а споменатата сума е околу 23 милиони евра.

Клубовите се блиску до реализација на работата. Абрахам пристигна во Рома во 2022 година и постигна 37 гола на 120 натпревари.

Покрај Челси и Рома, Абрахама во кариерата настапуваше и за Бристол, Свонси и Астон Вила.

Се вчитува...