Јунајтед и ПСЖ успеаја да се договорат за Мануел Угарте

Англискиот премиерлигаш Манчестер јунајтед успеа да постигне договор со Пари Сен Жермен за услугите на уругвајскиот интернационалец, Мануел Угарте, пренесува Фабрицио Романо.

Како што вели италијанскиот стручњак за трансфери двата тима успеала да постигнат договор, а Уругваецот на „Олд трафорд“ ќе премине за сума од 60 милиони евра.

Угарте денеска ќе пристигне во Манчестер за да ги помине медицинските прегледи, по што ќе биде промовиран како ново засилување на премиерлигашот.

Се вчитува...