Консеисао беше легенда на Интер и Лацио, а неговиот син ќе игра во Јувентус

Јувентус го комплетираше трансферот на младиот португалски фудбалер Франциско Консеисао. Синот на далеку попознатиот Серхио Консеисао во Торино пристигнува на позајмица од Порто на една сезона.

Консеисао е роден 2002 година, и дебитираше во првиот тим на Порто на само 18 години. Крилниот фудбалер игра и на левата и на десната страна, и треба да ја зголеми конкуренцијата во тимот од Торино на тие позиции.

Консеисао освен во Порто, една сезона мина и на позајмица во Ајакс.

Неговиот татко Серхио играше во Лацио, Парма и во Интер во својата кариера, и одигра преку 150 натпревари во Серија „А“.

Се вчитува...