Откако стана јасно дека е прескап за Челси, уште еден тим се откажа од трката за потписот на напаѓачот Виктор Осимен. За ПСЖ приоритет повеќе не е Нигериецот, и сега се врти кон други решенија. Се псоменува името на Џејдон Санчо од Манчестер Јунајтед.
Осимен бара висока плата – 600 илјади фунти неделно, или околу 2,5 милиони евра месечно, со што дури и за Челси е прескап. Останува уште во „игра“ и Арсенал, кој е заинтересиран за напаѓачот, но прашање е дали ќе може да ги задоволи барањата на голгетерот.
Наполи интензивно работи на доведување на Ромело Лукаку, па останување на Осимен би можело да формира убиствен тандем во нападот за оваа сезона за екс првакот на Италија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА