Челси си купи нов голман, но се ослободи од најскапиот

Челси не престанува да биде активен на трансфер пазарот, и покрај тоа што во своите редови веќе има повеќе од 40 играчи. Лондонскиот тим веќе ангажираше еден чувар на мрежата во името на Филип Јоргенсен, во еден миг имаше осум голмани, а сега си купи уште еден.

Станува збор за досегашниот голман на Генк, Мајк Пендерс, кој потпиша договор со „сините“ од 2025 година, а за него ќе бидат платени 20 милиони евра.

Во меѓувреме Челси го даде најскапиот голман на светот Кепа Аризабалага на позајмица во Борнмут, а пред заминување од Лондон е и српскиот голман Ѓорѓе Петровиќ.

Се вчитува...