Роналдо ќе добие специјална награда од УЕФА

Кристијано Роналдо ќе добие специјална награда од УЕФА како најдобар стрелец на сите времиња во Лигата на шампионите.

Како што е објавено на сајтот на УЕФА, претседателот Александар Чеферин ќе му ја врачи на Португалецот наградата за време на церемонијата на ждребот за Лигата на шампионите во Монте Карло.

Роналдо во текот на 18 години во Лигата на шампионите постигна 140 голови на 183 натпревари. Зад него е Меси со 129 гола, додека трет е Роберт Левандовски со 94 погодоци.

Португалскиот напаѓач пет пати ја освоил Лигата на шампионите, 2008 година со Манчестер јунајтед, а 2014, 2016, 2017 и 2018 со Реал Мадрид. Рекордер е по бројот на постигнати голови во една сезона во Лигата на шампионите кога постигна 17 гола во сезоната 2013/2014.

Се вчитува...