Ѓоковиќ се откажа од учеството на два големи турнири

Новак Ѓоковиќ е фокусиран на учеството на УС Опен каде стартуваше со убедлива победа против Албот во првото коло.

Но, за време на траењето на овој турнир пристигна и информацијата дека Ѓоковиќ нема да учествува на два големи турнири до крајот на годинава.

Објавена е листата на учесници во Пекинг и во Токио кои се одржуваат од 23. септември, а на нив од Топ 10 тенисерите во светот го нема само Новак Ѓоковиќ. Во Пекинг српскиот тенисер досега шест пати го подигнуваше победничкиот трофеј.

Се вчитува...