Бегалецот од Партизан пред потпис со клуб од НБА

Бразилскиот центар Бруно Кабокло чиј престој во српски Партизан не заврши славно откако се одлучи да замине од тимот и да се приклучи на својата репрезентација сред финалето од српската кошаркарска лига сега се наоѓа во САД каде тренира со НБА шампион.

Станува збор за Голден Стејт Вориорс со кој Кабокло тренира веќе некое време и се очекува дека ќе постигне договор со соработка која воедно би значела и негов камбек во најсилното кошаркарско првенство. Во договорот на Бразилецот со Партизан има клаузула со која „црно-белите“ би заработиле 1,5 милиони ева доколку Кабокло се пресели во НБА.

Претходно сериозен интерес покажа и израелскиот тим Хапоел кој испрати богата понуда, но приоритет за бразилскиот центар во моментов е преселба од другата страна на Атлантикот.

Кабокло во минатото во НБА лигата настапуваше за Торонто, Сакраменто, Мемфис и Хјустон.

Се вчитува...