Официјално: Шпанецот Мерино е нов фудбалер на Арсенал

Шпанскиот играч за врска, Микел Мерино и официјално е нов фудбалер на Арсенал откако денеска потпиша четиригодишен договор со вицешампионот на Премиерлигата.

Во редовите на „топчиите“ пристигнува од Реал Сосиедад во трансфер вреден 37.5 милиони евра и очекувањата се дека ќе заработи 27.4 милиони евра. Во договорот постои можност и да продолжување на соработката на уште една сезона со што заработката би се искачила за 4.2 милиони евра.

Се вчитува...