Циципас шокиран на стартот на УС Опен

Стефанос Циципас традиционално има проблеми на УС Опен, тренд што продолжи и на овогодинешното издание во кое грчкито тенисер загуби уште во првото коло.

Негов противник вечерва беше Кокинакис, кој по голема борба славеше со 3-1 во сетови. Австралиецот го доби првиот сет во табрејк, Циципас израмни на 1-1 добивајќи го вториот со 4-6, за Кокинакис да доминира во остатокот од мечот и да слави со конечни 6-3, 7-5. За Циципас ова беше вкупно седми пораз на досегашните настапи на американскиот гранслем, каде Гркот во седумте учества има вкупно само шест забележани победи.

Чехот Менсик исто така изненади елиминирајќи го полуфиналистот од ОИ во Париз, Оже Алијасим од Канада, а настапот на УС Опен експресно го заврши и ветеранот Фоњини, кој загуби со 0-3 од чешкиот тенисер Мачак.

На женскиот дел од турнирот, Вознијацки со импресивни 6-0, 6-1 ја декласираше Јапонката Хибино, додека во најинтересниот меч од првото коло Наоми Осака славеше над Остапенко со 6-3, 6-2.

Се вчитува...