Трагедија: Почина фудбалерот кој колабираше на меч во Копа Либертардорес

Пет дена откако колабираше на сред меч во Копа Либертадорес, уругвајскиот фудбалер Хуан Изгиердо почина во болница на само 27 години. Беше дел од уругвајскиот Национал, а се сруши на мечот против Сао Паоло во Копа Либертадорес.

Уругвајскиот клуб се прости од него на социјалните мрежи.

„Со најдлабока болка во срцето, шокирани сме од смртта на саканиот играч Хуан Изкиердо. Нашето сочувство до неговото семејство, пријателите, колегите и најблиските. Национал жали за непоправлива загуба. Хуан, засекогаш ќе бидеш со нас – напишаа на официјалниот профил.

Фудбалерот колабираше во 84. минута од натпреварот. Сите на теренот беа во неверување, а играчот веднаш беше пренесен во болница. Сепак, од таму доаѓаа охрабрувачки вести. Тие рекоа дека станува збор само за помал срцев удар и дека добро се опоравува. Лекарите кажаа дека има големи шанси да се опорави и да се врати во нормала, но пет дена потоа починал.

Се вчитува...