Шведскиот фудбалер кој дозна дека има ретка болест излезе од болница по шест месеци

Шведскиот репрезентативец Кристофер Олсон се врати дома по шестмесечен престој во болница, објави тој на социјалните мрежи. Олсон беше хоспитализиран и ставен на апарати за одржување во живот поради ретка болест на мозокот, објави неговиот дански клуб Митјиланд во февруари.

„Кристофер Олсон боледува од акутна мозочна болест која не е резултат на никакво самоповредување или надворешни фактори“, стоеше во соопштението на клубот.

Шведскиот интернационалец изгуби свест во својот дом во вторникот на 20 февруари и беше пренесен во Универзитетската болница во Архус, каде што беше хоспитализиран и ставен на респиратор. 

Откако ја започна својата кариера во Арсенал, 28-годишниот фудбалер играше уште и за Норчепинг, АИК, Краснодар, Андерлехт, а минатото лето му се приклучи на Митјиланд. Има 47 настапи за шведската репрезентација.

Се вчитува...