Во Истанбул не може без хаос: Муслера го нападна стрелецот на голот, па доби исклучување (ВИДЕО)

Галатасарај остана без пласман во Лигата на шампионите, откако вчера и на реваншот од плеј-офот беше поразен од Јанг Бојс. Швајцарците во финишот успеаја да постигнат гол и д слават победа.

Сепак, во „пеколот“ во Истанбул не може без инциденти, па така беше и синоќа. Виргиниус по еден противнапад успеа да го совлада Муслера, и тргна да се радува, а Уругваецот изнервиран го нападна и го удри стрелецот на голот. Судијата Ескас од Норвешка беше блиску и веднаш реагираше, и го исклучи голманот на Галатасарај.

Сега УЕФА може дополнително да го суспендира со оглед дека станува збор за неспортски потег. Галатасарај ќе продолжи во групите во Лигата на Европа.

Се вчитува...