Пресврт: Абрахам се сели во Милан

Иако пред неколку дена се појавија шпекулации дека напаѓачот на Рома, Теми Абрахам ќе се врати во Премиерлигата и ќе потпише за Вест Хем, сепак, стана јасно дека тие информации се неточни.

Сега англискиот голгетер има нов клуб во Серија „А“. Наводно Англичанецот ги договорил сите услови за трансфер во Милан.

Милан веќе го ангажираше Алваро Мората како шпиц, а тука е и Лука Јовиќ, но од таборот на „росонерите“ сметаат дека им е потребен уште еден, по неубедливиот старт на сезоната во Серија „А“ каде беше освоен само еден бод во првите две кола.

Се вчитува...