Македонскиот интернационалец Давид Тошевски има одличен старт во Австрија, во дресот на Австрија Клагенфурт. Тој играше на сите пет натпревари на стартот од австриската Бундеслига и Куп, и постигна три гола, притоа забележа и една асистенција.
Тошевски во првото коло против Волфсбергер одигра едно полувреме, а потоа во втрото коло против Рапид Виена ја запиша првата асистенција. Во третото коло против Штурм играше 87 минути, но не постигна гол, а потоа против Тирол донесе победа на својот тим на гости со тоа што го постигна единствениот гол за својот тим.
Одличните игри Тошевски ги круниса со два гола на вчерашниот Куп натпревар против Зиегендорф. Во победата од 0-5, постигна два гола откако влезе во игра во последните 23 минути од мечот.
🇦🇹 Many wrote off David Tosevski (23) after a failed move to 🇷🇺, but he's come back fighting.
Scored his 1st league goal for A. Klagenfurt in a 1-0 win. 4G & 1A in 6 games so far (Cup & League).
Most naturally talented striker 🇲🇰 has produced. pic.twitter.com/eMfwvAQP7l
— Football Macedonia (@MacedonianFoot_) August 27, 2024
Тошевски беше стрелец и на пријателски меч против Леобен во рамките од летните подготовки. Во минјатото играше за Шибеник, а беше дел и од Ростов. Мина две сезони на позајмица во Горник Забрзе од Полска и во Михаловце од Словачка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА