Македонија за првпат во својата историја би можела да има четворица свои фудбалери во групната фаза од Лигата на шампионите.
Веќе со сигурност во групната фаза од ЛШ место имаат Елиф Елмас со германски Лајпциг и Бојан Миовски со шпанската Џирона, а за свое место вечерва ќе се борат и Стефан Ристовски и Аријан Адеми со Динамо Загреб.
Динамо Загреб има предност од 3-0 против азербејџански Карабах, а денеска од 18:45 часот на гостувањето ќе треба да ја задржи предноста за да обезбеди настап во Лигата на шампионите сезонава.
Македонија досега во историјата имаше најмногу по тројца претставници во ЛШ, во сезоната 2009/2010, кога во групната фаза играа Горан Пандев, Бобан Грнчаров и Мирсад Мијадиновски, како и во сезоната 2011/2012 со Горан Пандев, Иван Тричковски и Аријан Адеми.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА