Циркуз во Загреб – Цибона ќе ја водат двајца тренери

Цибона во новата сезона ќе биде предводена од двајца тренери, еден за АБА лигата и друг за домашното првенство.

Во АБА лигата ќе ја води Крис Томс, додека во првенството на Хрватска на клупата ќе биде Бариша Красиќ.

Како што пишува „Спортске новости“, Крис Томас е форсиран од инвеститорите на клубот кои инсистираат тој да биде главен тренер, додека од друга страна Красиќ го мина целиот подготвителен период со екипата.

Томас, исто така, не може да добие лиценца за домашното првенство бидејќи во кариерата досега не освоил ниту еден трофеј, а досега ги водел екипата на Златорог, како и екипи од Малезија, Порторико и Јапонија.

Се вчитува...