Хари Кејн ја доби „Златната копачка“ на Европа

Англискиот репрезентативец Хари Кејн ја доби наградата „Златна копачка“ за најдобар стрелец во Европа.

Кејн изминатава сезона постигна 36 гола во дресот на Баерн Минхен во Бундеслигата, што го издвои како број еден офанзивец на Стариот континент. Признанието го доби на свечена церемонија во Берлин.

Хари Кејн првпат го добива ова престижно признание во својата кариера, иако досега бил и трипаи најдобар стрелец во Премиерлигата. Но, не и во Европа.

Со најголем број награди „Златна копачка на Европа“ е Лионел Меси кој досега шест пати го освои ова признание. Оваа престижна награда ја има освоено и најдобриот фудбалер во историјата на македонскиот фудбал Дарко Панчев во сезоната 1990/1991.

Се вчитува...