Киеза на пат за Англија – потпишува за Ливерпул: „Среќен сум со новата авантура…“ (ВИДЕО)

Федерико Киеза и дефинитивно ја прифати понудата од Англија за преселба во редовите на Ливерпул.

„Црвените“ од „Енфилд“ денеска и официјално ги прецизираа сите детали со Јувентус за трансферот на крилниот напаѓач, кој во следните четири години ќе биде дел од Ливерпул.

Англискиот клуб ќе му исплати 15 милиони евра на Јувентус, па остануваат единствено уште формалностите денеска во Ливерпул пред официјалната промоција на Италијанецот во клубот.

Киезе денеска од Торино со приватен чартер лет замина за Англија. Пред медиумите на заминување за Островот информираше дека уште вечерва очекува промоција во Ливерпул.

„Среќен сум и задоволен за новата авантура која е пред мене. Во оваа прилика, сакам да испратам поздрав до тифозите на Јувентус. Ви благодарам за поддршката во сите изминати години, благодарност до Јувентус“ – рече Киеза пред заминувањето за Англија.

Се вчитува...