Српскиот кошаркар Бориша Симаниќ почна да тренира со екипата на Игокеа.
Симаниќ на Светското првенство минатата година во Манила доби незгоден удар на мечот со Јужен Судан, по што неговата состојба потоа се искомплицира, беше во животна опасност и на крај остана без бубрег.
Од тогаш не одигра ниту еден официјален меч, за да сега конечно убави вести. Доби можност да се врати на тренинзите заедно со екипата на Игокеа.
Како што пренесуваат српските медиуми, најважно за него е да се врати на кошаркарските активности а дополнително ќе се види дали ќе може и максимално професионално да одговори на обврските.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

