Пак врие во српската репрезентација: Влаховиќ го одби повикот на Пикси

Никако да се смират тензиите во српската фудбалска репрезентација по слабиот настап на ЕВРО 2024 што придонесе дел од фудбалерите отворено да влезат во конфликт со селекторот Драган Стојковиќ – Пикси.

Тој избриша неколку стандардни првотимци од ЕВРО 2024 и најави вртење на нов лист со почетокот на Лигата на Нации наредниот месец, но Пикси се соочи со нов проблем откако Душан Влаховиќ го откажа настапот на следните натпревари со селекциите на Шпанија и на Данска.

Асот на Јуве игра во одлична форма за „старата дама“ на стартот на сезонава, но откако не доби лидерска улога на ЕВРО 2024 реши овојпат да не му се стави на располагање на селекторот.

„Денеска го известив стручниот штабдека од семејни причини нема да бидам во можност да одговорам на повикот на селекторот за претстојните средби од Лигата на Нации“, кратко објасни Влаховиќ.

Се вчитува...