Хумелс се уште е без клуб – го одби и Реал Сосиедад

Матс Хумелс се уште тактизира околу одлуката за следна дестинација во кариерата, откако германскиот ветеран ја одби и последната конкретна понуда што ја доби летово.

Челниците на Реал Сосиедад беа оптимисти дека ќе го осигураат потписот на екс-дефанзивецот на Борусија Дортмунд, двете рунди разговори беа оценети како крајно позитивни, но кога се очекуваше само потпис за официјализација на соработката, Хумелс во последен момент се премисли и реши да ја одбие понудата.

Како што навел ветеранот, не станува збор за незадоволство од финансискиот аспект од понудата, па преговорите воопшто нема да бидат продолжени.

Германецот е желба и на клубови од САД и од Саудиска Арабија, тој досега приоритет им даваше на понудите од Европа, но останува да се види каде Хумелс ќе ја продолжи својата фантастична кариера.

Се вчитува...