Тиквеш се екипира – потпишани тројца важни играчи од ланската сезона

Кавадарци и во следната сезона повторно ќе има прволигашка кошаркарска екипа откако вродија со плод напорите општината да застане зад овој спортски колектив на местото на компанијата Еуро Никел.

Кавадаречкиот клуб во следната сезона ќе го носи името Тиквеш, а управата веќе почна да повлекува потези за составување на квалитетен играчки кадар. За нов капитен е именуван поранешниот младински репрезентативец Златев, а веќе е договорено и останувањето на троја играчи кои беа важни во тимот на Еуро Никел ланската сезона.

Искусниот плејмејкер Марјан Младеновиќ и во следната сезона ќе разигрува во кавадаречкиот клуб, а за соиграч повторно ќе го има Џексон Дубински, одличниот американски организатор на играта. Покрај нив, нов договор потпиша и крилниот центар Глигоријевиќ, а се очекува во следните денови Тиквеш да продолжи со екипирање и ангажман на нови кошаркари во тимот.

Се вчитува...