Хрватскиот фудбалски шампион Динамо Загреб стигна повторно до групната фаза во Лигата на шампионите, откако вечерва во плеј-оф рундата овојпат на гости славеше над азербејџански Карабаг со 0-2. Откако пред една недела „модрите“ на домашен терен беа подобри од Карабаг со 3-0, вечерва во Азербејџан само ја завршија работата.
Шампионот на Хрватска поведе со 0-1 преку Пјаца во 32. минута. Со автоголот на Силва во 53. минута беа поставени конечните 0-2. Стефан Ристовски поради ситна повреда не настапи на овој меч, а поштеден беше и Аријан Адеми. До крајот за издвојување беше уште црвениот картон на фудбалерот на домашните, Медина во 88. минута.
Последните три слободни места во новото издание на Лигата на шампионите ќе ги пополнат последните три меча кои на програмата се вечерва, а во нив се среќаваат: Црвена Звезда – БОДО Глимт, Славија Прага – Лил и Слован Братислава Митјиланд.
Qarabağ 0 – [2] Dinamo Zagreb – Matheus Silva OG 53' [0-5 on agg.]
byu/50lipa insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА