Ракометарите наПролет во меч со квалитетна одбрана стигнаа до триумф на контролата против Бисинов Фрут Ленд од Велес со резултат 26-20. Овој дуел беше нова можност за тренерот Јовиќ да ги види на дело сите ракометари, кои ја креваат формата како што се ближи почетокот на новата суперлигашка сезона.
Првото полувреме мина во подобро издание на Тинекс Пролет, избраниците на Јовиќ имаа и пет гола предност, за пред крајот на полувремето гостите од Велес со мини-серија да се вратат и на одмор да се замине со само еден гол позитива за Пролет (14-13). Цврстата одбрана беше заштитен знак и во вториот дел во кој на голот застана Даскалоски на местото на Петковски, кој исто така бранеше одлично во првите 30 минути. Искусниот чувар на мрежата им создаде многу проблеми на велешани во второто полувреме, гостинскиот состав успеа да постигне само седум погодоци, па Тинекс Пролет заслужено го доби овој меч со шест гола предност (26-20).
Ова беше успешна увертира пред официјалниот старт на сезоната, ако се знае дека за Пролет денешниот меч беше последен пријателски дуел до првото коло на Супер-лигата и гостувањето во Прилеп закажано за 7 септември.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА