Александар Вучиќ ја бодри Црвена звезда во квалификациите за ЛШ (ФОТО)

На натпреварот Црвена звезда – БОДО Глимт присуствува и српскиот претседател Александар Вучиќ. „Црвено-белите“ по првото полувреме имаат предност од 1-0, откако првиот меч во Норвешка заврши со победа на БОДО од 2-1.

Првиот човек на нашиот северен сосед е голем фан, па не ги пропушта големите натпревари на Звезда. Тој минатата сезона беше на два од трите дуели во групната фаза од Лигата на шампионите.

Вучиќ е докажан навивач на поранешниот европски шампион и има одлични односи со раководството на Црвена звезда, особено со генералниот директор Звездан Терзиќ.

Се вчитува...