Една од најдобрите тенисерки на денешницата и актуелна освојувачка на Австралија опен, Белорусинката, Арина Сабаленка на доминантен начин се пласираше во третото коло на последниот гранд-слем турнир во сезоната, УС опен.
Втората тенисерка во светот за само една минута повеќе од еден час славеше над Италијанката Луција Бронзети со 2-0, по сетови 6-3 и 6-1.
Во третото коло Сабаленка за противник ќе ја има подобрата од дуелот меѓу Русинката, Екатерина Александрова и Американката со српско потекло, Ива Јовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА