Урош Спајиќ одигра капитенски уште еден натпревар за Црвена Звезда, успевајќи да го постигне и голот за 2-0 со кој „црвено-белите“ се пласираа во групната фаза од Лигата на Шампионите.
Одличниот дефанзивец веднаш по мечот беше горд на успехот, но и едвај дочека да ги пецне сите оние кои го провоцираа неговиот клуб во изминатиот период.
„Бевме многу омаловажувани во последните седмици, најблаго речено. Некои тастатура навивачи ја споредуваа Звезда со „фичо“, се споменуваа некакви желки, некакво ферари. Не знам што се случи денеска, дали му пукна гума на ферарито, но ние дефинитивно покажавме каде припаѓаме…“, изјави капитенот на српскиот првак.
Потоа, тој продолжи со благодарност до фановите кои беа на трибините на стадионот „Рајко Митиќ“.
„Голема благодарност до искрените звездаши, оние кои беа на стадионот, не оние мајстори кои чекаат на сајтовите да не навредуваат нас играчите. И нив нека им служи на чест, но денеска уште еднаш покажавме дека Звезда е над секој поединец, местото на нашиот клуб е меѓу најдобрите во Еврпоа и пресреќни сме што се пласиравме во Лигата на Шампионите“, прокоментира Урош Спајиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА