Ѓоковиќ: Ја гледав Црвена Звезда на телефон, ќе дојдам на „Маракана“за ЛШ

Новак Ѓоковиќ се пласираше во третото коло од УС Опен, по што српскиот тенисер ја искористи прес-конференцијата по триумфот над Ласло Ѓереза да им ја честита победата на фудбалерите на Црвена Звезда, кои со триумфот од 2-0 над Бодо се пласираа во групната фаза од Лигата на Шампионите.

Ѓоковиќ важи за голем фан на белградските „црвено-бели“, па не го криеше задоволството што неговиот омилен фудбалски клуб повторно ќе биде дел од елитното европско натпреварување.

„Ја гледав средбата на мојот телефон, додека со автомобил доаѓав на теренот на УС Опен. Уживав во секој момент, искрени честитки до сите во Црвена Звезда, нивниот успех е за секоја пофалба, трет или четврти пат се во групите од ЛШ во последните пет-шест години што не е мала работа. Им посакувам се најдборо и во иднина, во Белград да дојдат најдобрите екипи и да се ужива во средбите од Лигата на Шампионите. Јас искрено верувам, ќе сторам се за да дојдам најмалку на еден од натпреварите на „Маракана“ за да уживам во таа неверојатна атмосфера“, изјави Ѓоковиќ.

Се вчитува...