Првиот човек на КК Партизан го нападна раководството на ФК Партизан: Покажете барем малку достоинство!

Претседателот на југословенскиот спортски сојуз Партизан и кошаркарскиот клуб Партизан Остоја Мијаиловиќ зборуваше за поразот на црно-белите фудбалери во Гент во плејофот за Конференциската лига.

Монти Пајтон случувањата кај нашиот северен сосед на спортски план продолжуваат, откако првиот човек на кошаркарскиот колектив е фрустриран од тоа што тој нема удел и во фубалскиот.

„Тажно е да се седи и да се гледа оваа ситуација во ФК Партизан. Иако никогаш не сте се срамеле кога ќе се погледнете во огледало, сепак, покажете барем малку хуманост и достоинство, треба да живеете и по Партизан“, напиша Мијаиловиќ на „твитер“. 

Односите меѓу ЈСД и ФК Партизан веќе некое време не се добри, а поразот од Гент очигледно ја прели чашата.

 

Се вчитува...